Македонија со отворени врати го чека Јужен тек

Bez autora
Nov 03 2013

Гасоводот кој треба да донесе европска енергетска сигурност Јужен тек го постави камен-темелникот во Бугарија. Официјалниот старт на градбата го означи директорот на Газпром, Алексеј Милер, а само во Бугарија инвестицијата ќе достигне 3,5 милијарди евра при што гасоводот ќе поминува под море и на копно. Ќе се поврзе рускиот и бугарскиот брег во должина од околу 900 километри под море, при што цевката ќе има максимална длабочина од два километри. Првата испорака на гасот ќе почне кон крајот на 2015 година. До крајот на годинава, како што најавуваат од Газпром ќе стартува и изградбата на гасоводниот крак и во Србија. И Македонија е дел од овој мега-енергетски проект од историско значење за кој владата на 23 јули годинава во Москва веќе го потпиша договорот со Руската Федерација.

Македонија со отворени врати го чека Јужен текГасоводот кој треба да донесе европска енергетска сигурност Јужен тек го постави камен-темелникот во Бугарија.

Официјалниот старт на градбата го означи директорот на Газпром, Алексеј Милер, а само во Бугарија инвестицијата ќе достигне 3,5 милијарди евра при што гасоводот ќе поминува под море и на копно. Ќе се поврзе рускиот и бугарскиот брег во должина од околу 900 километри под море, при што цевката ќе има максимална длабочина од два километри. Првата испорака на гасот ќе почне кон крајот на 2015 година. До крајот на годинава, како што најавуваат од Газпром ќе стартува и изградбата на гасоводниот крак и во Србија.

И Македонија е дел од овој мега-енергетски проект од историско значење за кој владата на 23 јули годинава во Москва веќе го потпиша договорот со Руската Федерација. Потпис стави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и министерот за енергетика Александар Новак. Со неговата изградба земјава ќе добие долгорочна енергетска стабилност, бидејќи ќе се обезбедат потребните количини на евтин гас и за индустријата и домаќинствата. Дел од овој значаен договор е и подготвувањето на проектната документација, додека изградбата и користењето на кракот кој ќе биде дел од магистралниот систем ќе го гради Русија. На некој начин ќе се затвори клириншкиот долг на Советскиот Сојуз кон Македонија.

Според Ставрески, изградбата на Јужен тек ќе овозможи и привлекување на нови странски инвестиции, но значајно е и за домашните инвеститори бидејќи на тој начин ќе се овозможи поголема конкурентност на македонските фирми, на македонското стопанство, а со тоа нови инвестиции и отворање на работни места.

Дали кракот за Македонија ќе влегува преку Србија или Бугарија, тоа е сосема неважно за тоа ќе се договараат партнерите од новата мешовита компанија составена од домашен и руски капитал. Таа ќе биде задолжена врз основа на енергетската анализа да го реализира проектот и да ја договори маршрутата на кракот и неговиот капацитет. Договорот предвидува зголемување на количините на гас од сегашните 800 илјади кубни метри на 2,5 до 3 милијарди кубни метри, што секако ќе ги задоволи комплетните потреби на земјава за овој енергенс долгорочно до 2040 година.

На потпишувањето на договорот присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски кој тогаш нагласи дека обезбедувањето на доволни количини гас е предуслов за понатамошен развој на гасната инфраструктура во Македонија, односно продолжување на цевководот до другите градови.

Во моментов има гасовод само од бугарската граница до Скопје, затоа истовремено во земјава се реализира и проектот гасификација на Македонија. Специјализирана компанија веќе прави физибилити-студија за секундарна гасификација во градовите. Бизнис-секторот очекува гасификацијата да им ги намали трошоците за енергенси и со тоа тие да станат поконкурентни на пазарот. Со употребата на природниот гас производството на раноградинарските производи ќе поевтини од 30% до 50%. Експертите укажуваат дека бенефитот од гасификацијата ќе го почувствуваат и македонските домаќинства, бидејќи кога се користи природен гас за затоплување на домовите ќе се троши од 20% до 40% помалку од колку за струја или дрва.

Гасоводот Јужен тек е предвидено да има максимален капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно. Изградбата, според анализите, треба да чини 15,5 милијарди евра, при што 10 милијарди се потребни за изработка на трасата во Црно Море и уште 5,5 милијарди евра за копнената траса. Според проценките мега-проектот треба да биде целосно готов до 2018 година. Капацитетот на гасоводот изнесува 63 милијарди метри кубни годишно, што е 14 проценти од потребите на Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik